СДСМ: Груевски призна дека ги потрошил парите за мерцедес

Од:

„Никола Груевски денеска во Собранието призна дека парите на граѓаните ги потрошил и за мерцедес од 600 илјади евра, за којшто јавноста дознаа од проектот Вистината за Македонија.

Наивно Груевски се обидува да се оправда дека нарачката што самиот си ја правеше, „да биде фул“, „со масажери“ и „екрани назад“ наводно бил за високи гости.

Дали „високите гости“, за коишто лажно зборува Груевски, се возеа со мерцедесот па затоа индустриските зони во Гевгелија, „Опаленик“ кај Крушево, Вардарската силиконска долина со години се празни ливади?

Дали и скапите очила од 60 илјади долари на Груевски, познати од плажите во Израел, се исто така за високи гости? Или можеби Груевски ќе лаже дека ги купил за народот?

Гледајќи преку лускузот на скапите очила Никола Груевски не сака да ја види маката на граѓаните коишто осиромашуваа десет години, додека тој се богатeше.

Затоа граѓаните имаат идеја: збогум Никола!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски