СДСМ: Груевски панично покажува огромен страв од регулрани избори

Од:

Откако се распукаа сите бетони на фамилијата и се поништи дури и криминалната аболиција, Груевски панично покажува огромен страв од соочување со граѓаните на регулрани избори.

Избирачкиот список не е прочистен, нема реформи во медиумите, СЈО е под постојани опструкции, прекинат е политичкиот дијалог, само затоа што Никола Груевски се плаши од слободни избори.

Тоа го знаат сите.

Оттука, медиумските курири неуспешно се обидуваат стравот на Никола Груевски од слободни, фер и регуларни избори да го покријат со постојани измислици.

Во Македонија нема да има уште едни криминални избори, како што вети лидерот на демократска Македонија, Зоран Заев.

Македонија ќе има само слободни, фер, демократски и кредибилни избори.

Не може да избега Никола Груевски колку и да се обидува да одолговлекува.

Сите услови мора да се исполнат: прочистен избирачки список, реформи во медиумите, заканите кон гласачите да престанат, да се врати владеењето на правото.

Зборот е збор.

Доаѓа слободата, доаѓа времето на демократските промени во Македонија, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО