СДСМ: Груевски откри дека е нарачател на егзекуцијата во Собранието

Од:

Никола Груевски денеска потврди дека тој е нарачателот на егзекуцијата на новинарите и пратениците на опозицијата од собраниската сала на 24 декември минатата година, реагираше социјалдемократскиот сојуз на изјавата на премиерот во која побара опозицијата да му се извини на спикерот на Парламентот трајко Вељаноски.

„Со амнестијата на Трајко Вељаноски од одговорност за полициската интервенција во Собранието и прогласувањето на извештајот на Комисијата за 24 декември за тоалетна хартија, чувствителниот на душевна болка, Груевски најави дека употребата на сила за неговиот стил на владеење е легитимен метод кој ќе биде искористен во секоја наредна прилика, по потреба на власта“ – стои во реакцијата на СДСМ.

СДСМ во реакцијата заклучува дека премиерот Никола Груевски денеска насилството и насилниците ги издигна на ниво на закон и Устав во Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана