СДСМ: Груевски осум години бега од ТВ дуел

Од:

Проблемот меѓу Косово и Македонија задава страотен удар на економијата на земјава, а особено на земјоделците и транспортерите. Инсистираме двете влади да покажат посветеност на државните интереси и уште денеска да биде изнајдено решение, рече денеска на прес конференција портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Во целиот настанат хаос околу ова прашање се случи нешто неверојатно.

Замислете, вели тој, Владата на Никола Груевски која 8-ма година по ред бега од телевизиски дуели и дебати со опозицијата за внатрешните проблеми во државата, предложи решавање на меѓудржавно прашање, преку ТЕЛЕВИЗИСКИ ДУЕЛ со странски министер?!

Несериозно и крајно неодговорно е Владата и премиерот Груевски за домашните прашања да молчат, а за горливи меѓудржавни прашања, да глумат транспарентност.

СДСМ повторно го повикува премиерот, министрите во Владата и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, да соберат храброст и конечно да излезат на јавна медиумска дебата.

Така ќе можеме да ги соочиме фактите за ноќните упади на полицијата и кршењето на човековите права, неразумното трошење буџетски средства, сиромаштијата, евро изолацијата на државата или кој било друг проблем што е реален товар и го засега животот на македонските граѓани, заврши Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО