СДСМ: Груевски објасни го насилието во паркот кај „Бристол“!

Од:

СДСМ реагира на денешната прес-конференција на владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев и посочува дека не е никакво оправдување тоа дека со објектот што треба да никне на местото на уништеното зеленило во Центар ќе се заштедело за кирии.

„СДСМ бара премиерот Никола Груевски да излезе и да го објасни насилието кога со моторни пили и полиција, среде ноќ, го срамнија со земја паркот кај „Бристол“. Дали за Владата во Скопје не постоеше друга локација за барокното здание што сака да го подига освен меморијалниот парк за жртвите од земјотресот со дрвја стари 50 години?

Оттаму прашуваат дали секогаш кога граѓаните ќе имаат различен став од политиките на ВМРО-ДПМНЕ, власта ќе се пресметува со нив со специјалци и со „алфи“, како што го направија тоа и на 24 декември со новинарите и со пратениците.

Според нив, ВМРО-ДПМНЕ ја гази волјата на жителите на Центар кои на локалните избори јасно се изјаснија против проектот „Скопје 2014“.

„Власта го продолжува луксузирањето за барок на сметка на елементарните потреби на граѓаните и животната средина. СДСМ порачува веднаш да престане бруталноста и ароганцијата на ВМРО-ДПМНЕ со кои нанесува непоправлива штета“, реагираат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски