СДСМ: Груевски не треба да слуша отчет, туку да дава – пред истражните и судските органи  

Од:

На неполн ден откако осомничениот Никола Груевски ја потпиша и последната капитулација и стави потпис за избори на 11 декември, уште еднаш покажува дека тој не само што не е решение за проблемите, туку нивниот извор.
 
Груевски, кој со месеци нема никаква државна функција, денеска повторно ги понижува министрите и градоначалниците принудувајќи ги да му даваат отчет.
 
Груевски нема кредибилитет ниту овластување за некој нему да му дава отчет. Груевски е тој кој ќе даде отчет за сработеното, но пред истражните и судските органи и ќе одговара за целиот криминал.
 
Никола, не си веќе премиер! Престани да ги злопотребуваш државните институции за твојата партиска кампања! Разбери, државата не е партија!
 
Ги предупредуваме министрите од владата кои му реферираа на Груевски во „Триумфалната порта“ дека ја злоупотребуваат службената положба, што еуште едно кривично дело за кое ќе одговараат!
 
Министрите Спасов, Мисајловски и Канческа – Милевска се платени да ги решаваат проблемите на граѓаните, а не да учествуваат во партиска кампања во работно време!
 
Груевски ќе одговара. И пред надлежните судови и пред судот на граѓаните на изборите на 11 декември.
 
Казната доаѓа. Македонија победува, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски