СДСМ: Груевски не може да се помири оти работиме на меѓународниот углед на земјата

Од:

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират со фактот дека СДСМ е партијата којашто преку бројните пријателства и почит во светот единствено е во позиција да работи на меѓународниот углед на Република Македонија, вели СДСМ во врска со пишувања во провладините медиуми.

„Со право му е тешко на Груевски да го прифати фактот дека на средбите на претставниците на СДСМ со меѓународните претставници, како последниот пример во Франција, употребено е уставното име на земјава. Груевски е вознемирен од бројните критики за недемократскиот амбиент во Македонија, но за тоа причина е неговиот начин на владеење, а не СДСМ“, порачуваат од таму.

СДСМ вели дека наместо Груевски да се правда преку таканаречени неименувани експерти во нарачани анализи по медиумите под негова конрола, треба ја преземе одговорноста за состојбата во којашто ги донесе државата и граѓаните на Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни