СДСМ: Груевски не кажа ниту збор за примањето на 1,5 милион евра во кеш

Од:

Никола Груевски не одговори на ниту едно прашање за мега скандалите во чиј центар е лично тој, велат од СДСМ.

Груевски не кажа ниту збор:

-За примањето на 1,5 милион евра во кеш, за продажба на Македонска Банка,

-За аудио снимката која го потврди договарањето на милионскиот кеш,

– За партискиот имот вреден 1,6 милиони евра, купен само за три месеци непосредно пред изборите.

– За рајските шеми на неговиот братучед во Панама и Лугано преку кои се изнесени една милијарда евра, народни пари надвор од Македонија.

– За огромните лични имоти на функционерите на ВМРО ДПМНЕ во центарот на Скопје, вредни над стотици илјади евра.

Наместо одговорите кои најповиканиот, премиерот Никола Груевски и ги должи на јавноста, тој лицемерно зборува за наводни и деструктивни сценарија кои може да ги измисли и да ги реализира само тој и ВМРО ДПМНЕ. Груевски всушност денеска само ги прочита конструкциите коишто им ги диктирал на медиумите под неговата контрола изминативе денови.

СДСМ со денешната прес конференција целосно ги демантираше ваквите тези и конструкции.

Разбираме дека вака разголена власта, со сите нејзини коруптивни и криминални шеми, станува уште подрска и понервозна. Но, веќе и на јавноста и е јасно дека Никола Груевски повеќе не може да биде премиер.

Веруваме дека граѓаните нема да подлегнат на притисоците, уцените, обидите за поткуп од страна на власта и со својот глас ќе допринесат да се стави крај на самоволието на ВМРО ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога