СДСМ: Груевски, не ја користи полицијата за свој штит!

Од:

СДСМ го повика лично премиерот Никола Груевски да излезе и да го објасни насилието што се случи во три часот наутро кај хотелот „Бристол“. Да се донесат моторни пили и полиција среде ноќ да го рамнат со земја паркот, без да се води сметка за вознемирувањето на граѓаните, е врв на покажувањето сила што сè е подготвена власта да направи за своите интереси, реагира СДСМ.

„Ноќта, со истиот механизам како за пратениците и новинарите, беа со сила влечени граѓани кои во шок од тоа што се случува, слегоа од домовите да го бранат паркот. Груевски уште еднаш по кој знае кој пат ја погази јавно изразената волја на граѓаните на Центар кои на локалните избори јасно се искажаа против уништувањето на зеленилото заради бизнис интересите на власта. Ако сте премиер, Влада, власт, дали тоа ви дава за право да ја користите полицијата за свој штит“, се наведува во соопштението.

СДСМ истакнува дека тоа е полиција на народот, а не приватна, на власта и бара веднаш да престане бруталноста, зад која се крие „недостиг на капацитет, низ дијалог, дебата, меѓусебно разбирање, да се дојде до решенија за отворените прашања“.

СДСМ истакнува дека иако сака да се воздржи од нискиот речник својствен на оваа власт и ВМРО-ДПМНЕ, сепак, како што наведува, за жал, не постојат други зборови освен дека инцидентот со сечењето на зеленилото среде ноќ е чин на кукавичлук и вандализам.

„Народот гледа и народот ќе и пресуди на нецивилизираната политика на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ“, порачува најголемата опозициска партија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он