СДСМ: Груевски направи упад во Уставот и ги прекрши работничките права!

Од:

Власта на Никола Груевски преку измените по скратена постапка на законите за основно и средно образование направи паничен обид да се заштити од можен штрајк на просветните работници, велат од СДСМ.

Груевски не можејќи да ги реши проблемите што ги создаде, го направи тоа што најдобро го знае, упад во Уставот со што директно се прекршени работнички права!

Правото на штрајк го гарантира член 38 во Уставот.

Истиот член предвидува дека со закон може да се ограничи правото на штрајк само на вооружените сили, полицијата и органите на управата! Не и на образованието!

Прекршена е и меѓународна конвенција.

Конвенцијата 87, на Меѓународната организација на трудот, дел од ОН, на којашто е потписничка Македонија, предвидува НЕМОЖНОСТ од ангажирање „привремени работници“. И оваа Конвенција, исклучок прави само во функционирањето на војската и полицијата.

Можноста што ја воведе власта на Никола Груевски за замена на наставниците и професорите кои би се одлучиле да штрајкуваат, е уште еден удар врз основните, демократски, работнички права.

Власта на Груевски е свесна дека незадоволството во просветата кулминира.

Дека како бумеранг може да им се врати, се што им направија на наставниците и проферосите.

За ништо не ги прашаа, во извршители и администратоти ги претворија, го потценија нивниот труд, со апсурдните проекти им го навлекоа гневот на родителите и учениците, ги удрија со казни и инспекции.

Пред една година, со судска одлука беше ограничен штрајкот на лекарите.

СДСМ бара власта на Никола Груевски итно да ги прекине недемократските методи што ги применува за решавање на проблемите. се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни