СДСМ: Груевски мора да престане да ја узурпира власта

Од:

Од СДСМ со писмено соопштение реагираат на изјавите на Никола Груевски.

„Никола Груевски мора да се приземји, да разбере дека повеќе од една година не е премиер, дека ВМРО-ДПМНЕ поради него е изолирана партија и најважно, да престане да ја узурпира власта на штета на граѓаните.

Над 700.000 граѓани стојат зад легитимно формирано парламентарно мнозинство од 67 пратеници кои според Деловникот, Уставот и законите го избраа новиот собраниски претседател. Според Уставот, Деловникот и законите ќе биде избрана и новата реформска Влада на унитарна и европска Македонија. Тоа Груевски не може да го спречи.

Времето на узурпатори како Груевски заврши. Конструктивните политичари во ВМРО-ДПМНЕ веруваме дека ќе најдат сила да се оградат од деструктивните политики на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ како конструктивна и одговорна опозиција ќе ги поддржи демократските и реформските процеси во интерес на граѓаните и евро-атлантската иднина на Македонија“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова Is this conversation helpful so far?

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски