СДСМ: На местото на инвестициите на Груевски-ливади и депонии

Од:

„Никола Груевски не само што фантазира за неговите виртуелни инвестиции, туку и на големо ги лаже граѓаните.

Виртуелната индустриска зона Мауцкер во Охрид не е само депонија.

Виртуелната индустриска зона Мауцкер е и голема популистичка лага на Никола Груевски.

Еве зошто.

Пред две години, на 9 февруари 2014 година, владнини и локални функционери на ВМРО-ДПМНЕ ја најавија индустриската зона Мауцкер, со еден куп виртуелни ветувања за инвестиции и вработувања.

-Investicija3

Но земјиштето во моментите кога се најавуваше виртуелната зона, веќе било во приватна сопственост!

Имотот на луѓето им бил вратен неколку години претходно по основ на денационализација!

Според пренесените изјави на сопствениците на земјиштето, никој од општинските и државните органи не преговарал со нив во врска со какво било градење!

Тоа значи дека Груевски буквално ги лажел граѓаните за индустриската зона Мауцкер!

Друга работа е што локацијата на којашто требаше наводно да се гради индустриската зона е депонија.

Никола Груевски во деновите пред неговото заминување ги употребува последните фантазии.

Investicija1 (1)

Виртуелните инвестиции, зони од фантазиите во главата на Груевски не се само ливади, туку и ѓубре.

Граѓаните знаат дека Груевски излажа за наводни хотели на измамникот Субрата Рој покрај Дојранското езеро и во виртуелниот комплекс Сахариан Македонија во Охрид. Ги излажа и за инвестициите на италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Тривју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб, Еуро Италија, Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхост од Данска…

10 години Никола Груевски ги лаже граѓаните со виртуелни инвестиции и виртуелни работни места додега во реалноста цветаат тендерите и бизнисите со коишто се богати неговата фамилија.

На 24 април завршуваат лагите и валканите политики на Груевски и се отвора пат за вистински инвестиции, вистински нови работни места, за економски стабилни граѓани и напредна држава“, се вели во соопштениети на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ