СДСМ: Груевски кренал раце од Прилеп, го потврди тоа со недоаѓањето вчера

Од:

„Од вчера е јасно и Никола Груевски кренал раце од победа во Прилеп! Тоа се потврди со неговото не доаѓање на вчерашната промоција на Марјан Ристески за градоначалник на Прилеп“, велат од СДСМ.

Кавгите и расправиите околу составот на советничката листа, во прилепското ДПМНЕ се толку зовриени, што и Груевски побегна од тоа, а во последен момент се откажа и вчерашното јавно презентирање на луѓето кандидати за советници.

И самиот Миле Јанакиевски, кој напразно повика на поддршка за листата, е свесен дека ниту граѓаните, ниту членовите на ДПМНЕ нема да поддржат листа со слепи послушници на Марјан Ристески и Димитар Стевананџија, и со пребеглици од други партии, како што е бившиот член на СДСМ, Пеце Ристески-Пеката.

Фактот што вчера, на промоцијата присуствуваа само партиски членови на ДПМНЕ и вработени во администрација- кои со притисок и уцени беа довлечкани во салата, кажува за минималната поддршка на Марјан Ристески меѓу неопределените и политички неутрелни прилепчани.
Празниот говор на Марјан Ристески за парковите и фонтаните во Прилеп, е класичен доказ за неговата безидејност. Фактот што не изнесе, ниту еден проект за намалување на невработеноста од над 40% во градот, ниту еден проект за подобрување на економијата, без идеи за нови работни места и задржување на младите, е доказ за немањето визија за иднината на Прилеп, ниту пак решенија за проблемите.

Затоа граѓаните на Општина Прилеп, на следните избори ќе гласаат за Хари Локвенец. Успешен и докажан човек! Проверен човек, со конкретни идеи и проекти! Човек кој ќе го гасифицира Прилеп, а со тоа ќе ги намали трошоците на граѓаните и на економските субјекти. Ќе инвестира во младинските идеи, како проектот за пренамена на месните домови во младински центри. Како проектот за 50 милиони евра странски инвестиции, за 500 акумулации и 5,000 нови работни места. Прилеп ќе гласа за Хари Локвенец-човек за чиста петка!

Би можело да ве интересира

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда