СДСМ: Груевски ја потврди автентичноста на снимките

Од:

Денеска Никола Груевски уште еднаш ја потврди автентичноста и вистинитоста на аудио доказите коишто ги презентира СДСМ во јавноста, реагираат од СДСМ на изјавата на премиерот Груевски во вестите на телевизија „Сител“ .

„Тој потврди дека сè што е објавено во досегашните 30 прес конференции на СДСМ е целосно точно. Призна дека аудио снимките ниту се од странски служби, ниту пак се лепени, ниту сечени, ниту монтирани туку се автентични и вистински, снимени од македонската УБК. Катастрофалното, нестручно, непрофесионално и неодговорно водење на случајот Младенов излезе на виделина. Криминалната власт на Груевски ја лажела јавноста, криела клучни информации и не спровела истрага за случајот Младенов“, пишува во соопштението на СДСМ.

Според опозицијата, Груевски, Јанкулоска и соработниците се последните коишто може да спроведат било каква истрага.

„Криминалната банда на власт единствено може да одговара, согласно Уставот и законите, за сторените кривични дела за коишто постојат непобитни докази“, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни