СДСМ: Груевски ја изгуби реалноста за тоа што е разумно и нормално

Од:

Проблемот на Никола Груевски и ВМРО – ДПМНЕ е што тие ја изгубија реалноста за тоа што е разумно и нормално, велат од СДСМ.

Да не беше така ќе се срамеа од криминалните избори и од штетите што и ги нанесоа на Македонија , која е критикувана во сите меѓународни извештаи за неодвоеност на партијата од државата, пристрасни медиуми, зависно судство, уназадување на демократијата.

Изборите на кои се повикува ВМРО – ДПМНЕ и во конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР ниту еднаш не се оценети како фер и демократски.

А, делата и проектите на кои се повикува ВМРО-ДПМНЕ иселија околу 450 илјади луѓе од државава и ја донесоа најголемата сиромаштија во земјава од независна Македонија.

СДСМ како одговорна политичка партија има обврска да ја врати Македонија на нормалниот колосек и тоа ќе го стори, стои во реакцијата на опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија