СДСМ: Груевски ја има најголемата одговорност за иднината на Македонија

Од:

Никола Груевски ја има најголемата одговорност за иднината на Република Македонија, по криминалниот изборен процес и политичката криза во којашто ја внесе државата, реагира СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ претходно во соопштение ги нарече „криминалци“ лидерот на СДСМ Зоран Заев и заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

„Го повикуваме боксерот Никола Груевски да сфати дека осма година не е во бокс арена, туку на чело на власт којашто ја уништува иднината на сегашните и идните генерации“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение во кое напиша:

„Криминалците Зоран Заев и Радмила Шекеринска, за кои постојат безброј евидентни докази дека живеат во енормен луксуз, стекнат на нечесен и незаконски начин, откако добија бокс од меѓународната заедница за нивното политичко однесување и откако доживеаја огромен пораз од 200 000 гласови на последните избори, очигледно е дека она што имаат намера да го прават е да работат за туѓи интереси, кои се штетни за Република Македонија. Заев и Шекеринска веќе не знаат во кој правец тераат и што прават“.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта