СДСМ: Груевски, излези од блиндираниот мерцедес и соочи се со реалноста!

Од:

СДСМ излезе со реакција на изјавата на Никола Груевски по повод, како што велат, таканаречениот отчет.

„Ние сме секојдневно на терен, меѓу граѓаните, со народот, и нивните секојдневни проблеми како и реалноста апсолутно не содејствува со розовиот театар што се обидува да го продаде премиерот Никола Груевски.Му препорачуваме да излезе од блиндираниот Мерцедес, меѓу луѓето и да се соочи со суровата слика, и крајно негативните последици од неговото шест годишно владеење.Благодарение на неговите погрешни политики во изминатите шест години Македонија се губи во бесперспективност, стана светски првак во економско-социјална мизерија, се гуши во неликвидност, невработеност и огромна сиромаштија. Заради погубните политики на Груевски во Македонија денес се загрозени човековите слободи и права, има недостаток на основни демократски вредности, нема медиумска слобода, а патот кон ЕУ и НАТО целосно е блокиран“, стои во оопштението на СДСМ.

Македонија, смета СДСМ, под водството на ВМРО-ДПMНЕ и Никола Груевски не виде ниту една капитална инфраструктурана инвестиција, ниту еден енергетски објект или било какво добро од кое полза ќе видат сите граѓани и генерациите кои доаѓаат.

„Единствено нешто што направи Груевски е криминалниот проект и огромната пералница на пари „Скопје 2014-та“ за која на споменици, камен, бронза, фасади и скапи огради само досега потроши 350 милиони евра народни пари. Овој криминален проект до крајот ќе ги чини граѓаните повеќе од половина милијарда евра.На денешниот отчет повторно не добивме одговор од премиерот Груевски каде отидоа 18 милијарди евра буџетски средства, кои заклучно со 2012 година ќе ги потроши актуелната власт на Никола Груевски?Граѓаните ќе ги казнат овие погрешни политики на Груевски. Ниту една скапо платена реклама нема да може да ја измени реалноста“, порачува СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени