СДСМ: Груевски, Иванов и ВМРО-ДПМНЕ не смеат да ја носат државата во изолација само за да се заштитат самите

Од:

„Демократските процеси брзо ќе се придвижат и Македонија ќе добие претседател на Собранието и нова реформска Влада со што ќе се испочитува волјата на мнозинството граѓани.

Последните пораки на пратеници, претставници и институции на ЕУ, последните извештаи на меѓународни организации и медиуми како оние на Фридом Хаус и Економист јасно укажуваат на итно деблокирање на демократските процеси и почитување на демократските принципи. Секое попречување на демократските процеси значи закана по демократските вредности и ја носи Македонија во натамошна изолација од демократскиот свет.

Груевски, Иванов и ВМРО-ДПМНЕ не смеат да ја носат државата во изолација само за да ги спречат промените и да се заштитат од одговорност за направените криминали. Ниту една криминална нафтена платформа нема да биде пречка за остварување на мнозинската волја.

Граѓаните нема да живеат во поделена бинационална и изолирана земја само заради тоа што криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не сака да се сооочи со одговорноста.

За заедништво и интеграција се изјаснија над 700.000 граѓани на Македонија, чии гласови се преточени во 67 пратенички мандати. Тоа е парламентарно мнозинство кое ќе ја уважи волјата на мнозинството и ќе избере претседател на Собранието и нова демократска влада.

Мнозинската волја ќе биде испочитувана! Македонија ќе добие претседател на Собранието, функционално Собрание и нова реформска влада посветена на интересите на граѓаните“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?