СДСМ: Груевски и Трајановски нека објаснат за 27-те милиони евра за раскош и луксуз

Од:

Денес Коце Трајановски реферираше пред вистинскиот градоначалник на Скопје, Никола Груевски, дека се реализирале наводни инфраструктурни проекти во градот за наводни 17 милиони евра.

Во исто време само во 2016 година, по нарачка на Никола Груевски во Скопје на раскош и луксуз се фрлаат:

• 18 милиони евра на Панорамско тркало
• 5.7 милиони евра на нови барокни фасади
• 2.6 милиони евра за нова луксузна зграда за Коце Трајановски
• 500 илјади евра за пристапни површини околу партиското седиште на ДПМНЕ
• 500 илјади евра само за одржување на фонтани и споменици

Само по овие основи, Коце Трајновски по нарачка на Никола Груевски, оваа година ќе потроши нови 27.3 милиони евра за Скопје 2014.

Лудилото на Никола Груевски со Скопје 2014 ќе заврши на следните фер и демократски избори.

Го повикуваме Коце Трајановски да не ги чека локалните избори, туку веднаш да поднесе оставка.

Само на тој начин предвидените 27.3 милиони евра за раскошот и луксузот на Никола Груевски, ќе бидат пренасочени во инфраструктурни проекти, кои реално ќе го подобрат животот скопјани, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски