СДСМ: Груевски и Мицкоски остануваат закопани во режим и криминал

Од:

„Цела Македонија уште еднаш го виде режимското лице на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Режимот делува најпанично кога целосно се распаѓа и кога го губи тлото под нозете, осветувајќи се и врз сопственото членство. Анти-македонскиот носител на криминалот и режимот, Никола Груевски заедно со неговиот анти-западен пион Христијан Мицкоски продолжуваат да им докажуваат на сите граѓани дека се против НАТО и ЕУ.

Чии играчи се Груевски и Мицкоски? Дали криминалот е единственото нешто што ги поврзува? Нека излезат и јавно нека соопштат дека се против НАТО и ЕУ бидејќи очигледно е дека режимската лага веќе не им проаѓа ниту меѓу сопственото членство.

Ги повикуваме сите демократски сили во земјата, сите пратеници и граѓани кои сакаат Македонија да успее како земја членка на НАТО и ЕУ, да се приклучат кон националното обединување. Македонија расчисти со поделбите на Груевски и Мицкоски. Македонија е земја во која институциите обезбедуваат правна држава по европски стандарди. Сега е време политички раскараните граѓани да се помират и Македонија да продолжи напред како економски силна земја, едно општество за сите.

На едната страна се изолираниот режим и криминал на Груевски, на другата страна е растечкото национално обединување на граѓаните.

Македонија избира обединување, режимот останува изолиран во својот бел бункер. Граѓаните на Македонија го ставија режимот на Груевски и Мицкоски во ќош“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче од Тетово: За Мицкоски ресет на системот е да постави свои судии и обвинители

А1он

(ВИДЕО) Филипче го честиташе 11. Октомври: Аманетот од хероите на НОБ е да ја продолжиме борбата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ за скандалот со директорот на Неврологија: Не може човек што се дрогира да се занимава со здравјето на луѓето

А1он

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Ливриниќ: Ќе изградиме нова зелена оаза и простор за рекреација за сите генерации

Горан Наумовски