СДСМ: Груевски и Иванов не смеат да бидат пречка за демократските процеси што се незапирливи

Од:

„Единствените кои нанесуваат штета на државата се Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ кои се подготвени за заштита на криминалот и сопствената одговорност да наштетат на интересите на граѓаните и иднината на Република Македонија.

На сите им е јасно дека единствен конкретен писмен документ зад кој застанува новата реформска Влада е Програмата на новата Влада на Р. Македонија во којашто децидно стои дека е силно посветена на зацврстување на унитарноста, суверенитетот и стабилноста на Р. Македонија.

Тоа единствено не им одговара да го видат Груевски и неговите соработници против кои гласаа мнозинството граѓани на изборите.

Граѓаните избраа промени, правда и заедништво. Гласовите на околу 700 илјади граѓани се преточени во 67 пратенички мандати.

Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не можат да бидат пречка за демократските процеси што се незапирливи. Иванов не смее да го штити криминалот на Груевски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, туку мора да постапи во интерес на граѓаните и државата, онака како што му наложува Уставот. А тоа е да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање на новата реформска Влада којашто ја очекуваат граѓаните на Република Македонија“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он