СДСМ: Груевски го потврди криминалот со нарачаната аболиција од Иванов

Од:

„На Никола Груевски му сметаат независните институции. Особено го иритира работата на независните институции коишто вистински се борат против криминалот и корупцијата.

Граѓаните многу добро знаат за криминалното однесување на Никола Груевски во изминатите години што им украде на граѓаните 10 години од нивниот живот.

Никола Груевски нека каже зошто нарача аболиција кај Ѓорге Иванов, спротивна на закон и Устав, ако навистина верува дека сите се еднакви пред законот?

Груевски го потврди криминалот со нарачаната аболиција од Иванов.

Отворањето на предметот „ТНТ“ на независната институција СЈО покажа зошто Ѓорге Иванов мораше да брза со аболицајата.

Да не беше срамната одлука за аболиција на Иванов денеска правдата ќе почнеше да го стасува Никола Груевски.

Граѓаните знаат дека Македонија се наоѓа во криза само за Никола Груевски да не оди во затвор.

Затоа Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат фер и демократски избори. Се плашат од соочување со граѓаните и одговорноста за криминалот и корупцијата.

Бегаат од прочистен избирачкиот список, реформи во медиумите и одвојување на партијата од државата. Затоа го прекршија Договорот од Пржино.

Македонија е на нозе. Доаѓа слободна и демократска Македонија.

Правдата, еднаквоста, слободата и демократијата мора да се вратат во Македонија.

Или Груевски или Македонија“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата