СДСМ: Груевски ги жртвува граѓаните и државата

Од:

„Парламентарното мнозинство има должност да ја реализира мнозинската волја на граѓаните и да ја спаси државата од хаос, а граѓаните од егзистенцијален крах.

Уставниот поредок е нарушен од неразумното однесување на Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои за да ја избегнат правдата, користат вистинско насилие врз граѓаните и државата.

Ако продолжат блокадите, за три недели следува тотална блокада на државниот систем. На 15 мај престануваат сите надлежности на градоначалниците и советите во општините. Нови локални избори може да распише само новиот претседател на Собранието чијшто избор го блокираат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

За три недели, ако не се одблокираа демократскиот процес, граѓаните ќе останат без еднократната социјална помош што им следува по закон! Социјално загрозените лица ќе останат без субвенциите за комунални трошоци!

Без плата ќе останат врботните во општините, во училиштата, градинките, културните установи, другите општински установи!
Привремено ангажираните работници во општините нема да може да го добијат својот паричен надоместок!

Нема да може да се издаваат одобренија за градба, решенија за легализација на бесправно изградени објекти и други слични решенија. Нема да има кој да потпише општински акти за заштита и спасување, доколку е потебно, со што се доведува во ризик безбедноста и здравјето на граѓаните.

Ова заложништво на граѓаните и државата што го прави Груевски преку Трајко Велјаноски и Ѓорге Иванов мора да прекине.

Парламентарното мнозинство од 67 пратеници, кои претставуваат околу 700 000 граѓани ќе одговори на својата должност и ќе ги спречи огромните штети врз граѓанските и државните интереси. Чекорите што се преземаат се внимателни бидејки од другата страна има нерационални луѓе кои за своите интереси се подготвени да ги жртвуваат граѓаните и државните интереси.

Во периодот што следи, согласно Деловникот, Уставот и законите ќе биде избран новиот претседaтел на Собранието кој ќе ги закаже локалните избори и ќе отвори пат за формирање на новата реформска Влада.

Потсетуваме дека поттикнувањето насилства и активностите против државните интереси се спротивни на Уставот и законите и претставуваат тешки казниви дела“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“