СДСМ: Груевски е во очајна состојба поради неговата неспособност за политички дијалог

Од:

Никола Груевски е во очајна состојба поради неговата неспособност за политички дијалог. Со манипулациите преку медиумите под негова контрола тој сака да го привлече вниманието на меѓународната заедница, да му помогне во решавањето на политичката криза, реагираат од СДСМ на пишувањата на Курир.

Груевски не може да се помири со фактот дека нема притисоци врз СДСМ за враќање во Парламентот, на што тој се надеваше.

Напротив, дека е тоа јасна порака од меѓународниот фактор, дека тој треба да седне на маса со опозицијата и да разговара за 5-те барања за надминување на политичката состојба по криминалните избори.

Средбите на раководството на СДСМ со претставници на меѓународната заедница, се одвиваат според вообичаената динамика.

За потсетување, само пред извесно време, медиумите под контрола на Груевски имаа задача да тврдат дека раководството на СДСМ е во интензивни контакти со меѓународните претставници, што требаше да се престави како притисок врз опозицијата.

Кога тоа се покажа пуста желба на Груевски, сега истите тие медиуми имаат задача да ја повикуваат меѓународната заедница на помош, во име на Никола Груевскисе вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни