СДСМ: Груевски е кочничар на иднината на Македонија

Од:

„Единствени коишто го блокираат европскиот пат на Република Македонија се ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Задушена демократија, контрола врз медиумите, закани врз медиуми, партизирани институции, селективна правда, распространета корупција…Тоа е резултат на неевропските политики на Никола Груевски.

Никола Груевски и неговите соработници се симболот за корупција во Македонија и погрешниот систем на вредности којшто им одзема на граѓаните 10 години живот.

Никола Груевски е најголемиот кочничар на иднината на Република Македонија.

Поради Никола Груевски 626.312 граѓани заминале од Македонија, пред се млади, образовани луѓе, според официјални податоци на Светска банка.

Поради Никола Груевски  над 180 илјади граѓани живеат со по 40 денари на ден. Поради Никола Груевски над 10 илјади фирми се затворени а секоја трета фирма е со блокирана сметка.
Поради Никола Груевски Македонија е на дното по странски инвестиции во Европа.  Дури и Народна банка објави официјални податоци дека во јуни и јули оваа година, странските инвестиции се на рекордно ниско ниво во цела Европа, дури и зад Косово.

Промените за подобар живот и нови работни места доаѓаат на 24-ти април, по победата на СДСМ.
На 24-ти април, победува европска Македонија“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски