СДСМ: Груевски да собере храброст и да се соочи со правдата, Македонија ќе биде правна држава

Од:

„Никој, па ниту Никола Груевски не може да избегне соочување со правдата и правната држава. Наместо да бега од обвинителите, Груевски треба да собере храброст и да се соочи со правосудните органи.

Секој граѓанин на Република Македонија, вклучително и Груевски, треба да одговара за своите постапки пред независен, професионален и непристрасен судски систем. Никој не смее да се става над законите и владеењето на правото.

Времето на сваровски судството заврши. Македонија мора да биде и ќе биде правна држава во која законите ќе важат за сите подеднакво без разлика на нивната етничка, верска, политичка или каква било припадност“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?