СДСМ: Груевски да одговори дали е лага падот од 89 места на Репортери без граници

Од:

Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ нека одговорат, дали е лага падот од 89 места на Македонија на листата за слобода на медиуми регистриран од меѓународните организации РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИ и ФРИДОМ ХАУС, на коишто Македонија по слободата на медиумите е изедначена со Кенија, Конго и Уганда?

Дали е лага извештајот на Стејт Департментот во којшто е нотирано дека во македонските затвори лежат политички затвореници ?

Дали е лага последниот Извештај на ОБСЕ/ОДИХР, во којшто зборовите фер и демократски избори не постојат, а се регистрирани низа нерегуларности, меѓу кои и мешањето на државата со партијата, за што се согласија и ЕУ и САД ?

Овие и други факти јасно говорат кој работи против државата и нејзиниот напредок во ЕУ и НАТО интеграциите, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски