СДСМ: Груевски да ја прифати волјата на народот и да напушти мирно власта!

Од:

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да прифатат дека се опозиција и достоинствено да ја напуштат власта, што ја узурпираат четири месеци досега, без дозвола на граѓаните.

Лагите повеќе не поминуваат ниту кај граѓаните, ниту пак кај меѓународната заеница којашто повика на разум во интерес на стабилноста на Македонија и регионот и мирен трансфер на власта.

За сите е јасно дека постои само една платформа, тоа е криминалната ппатформа што преку лагите во јавноста, ја штити раководството на ВМРО-ДПМНЕ, за да се обидат да си го спасат натрупаното богатство и себе си од правдата.

Предупредуваме дека разгорувањето етнички и меѓуетнички тензии, како и активности спротивни на државните интереси се тешки противуставни дела и повлекуваат сериозна одговорност!

Линк до Програмата на новата реформска Влада, единствениот валиден документ за граѓаните.

Никаде не пишува менување знаме, химна, грб, име, двојазични банкноти, употребата на јазиците е утврденајасно според потребите на граѓаните, предвидена е и заштита на Македонскиот јазик.

Денешната прес конференција на Крсте Јовановвски, како и сите други нарачани текстови на оваа тема по медиумите зависни од Никола Груевски, се лажни вести со цел да се предизвикува вознемиреност кај граѓаните и да се провоцираат тензии.

Има демократски формирано парламентарно мнозинство од 67 пратеници кои ја претставуваат волјата на околу 700.000 граѓани изразена на кредибилни избори.

Има Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија којашто обезбедува квалитетен живот и правда за сите и евро-атлантска иднина на Македонија.

Демократските процеси ќе ги одблокираме и ќе има избор и на нов собраниски претседател и на новата Влада“, се вели во писменото соопштение на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски