СДСМ: Грижата за најмладите е наш врвен приоритет, отворивме 13 детски градинки, ги покачивме платите на воспитувачките и негувателките

Од:

„Врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е грижата за најмладите, за децата.

Силна потврда за тоа е фактот дека од септември 2020 година до сега, за само десет месеци отворивме 13 нови детски градинки и на тој начин го зголемивме капацитетот на сместување за 840 дечиња.

Уште 12 градинки ќе се отворат до крајот на 2021 година и со тоа капацитетот ќе се зголеми за дополнителни 1.390 места“, вели СДСМ.

„Со ова темпо несомнено се приближуваме кон исполнување на даденото предизборно ветување пред граѓаните, односно опфат на 60% од децата во предучилишно воспитание и образование.

Имаме верба дека до крајот на мандатот ќе успееме да го постигнеме овој процент со нашата посветена работа.

Паралелно со изградбата на нови детски градинки, реконструкција и проширување на постоечките објекти и нивно опремување, инвестираме и во јакнење на компетенциите на стручниот кадар, кој се грижи за нашите дечиња. Зотоа што воспитувачот на директен начин придонесува во правилниот раст и развој на детето.

Како одговорна, социјалдемократска партија, го вративме достоинството на професијата воспитувач која беше заборавена години наназад. Ги зголемивме платите на вработените во детските градинки во нашата држава за висок 21%.

Вложувањето во најмладите е вложување во нашата иднина, затоа што тие се нејзини градители.

Токму затоа, продолжуваме посветено да работиме на подобрување на раниот детски развој којшто е клучен за понатамошниот развој на детето“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода