СДСМ: Граѓаните веќе ги чувствуваат промените, заврши времето на антиреформската фамилија предводена од Груевски!

Од:

„Граѓаните ги чувствуваат промените што ги носи новата реформска Влада, која покажа како се работи отчетно и транспарентно во служба и интерес на граѓаните.

Започна решавањето на напластените проблеми што на граѓаните им ги создадоа и оставија од ВМРО – ДПМНЕ. Граѓаните ги чувствуваат придобивките уште во првите неколку дена од работата на новата Влада. Навремено се исплатени пензиите, исплатени се задоцнетите субвенции и стипендии, отворени се портите на Владата за сите граѓани, транспарентно и отчетно се води Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Ќе има и зголемување на минималната плата на 12.000 денари до крајот на буџетската година, како и финансиска помош и поддршка за развој на домашните фирми и одговорно менаџирање со ресурсите на земјата што ќе придонесе кон севкупен раст на економијата.

Со тоа започнува новата перспективна иднина за граѓаните и државата.

Заврши времето кога студентите ги чекаа своите пари за стипендии што им следуваат по закон, додека функционерите од редовите на ВМРО – ДПМНЕ трошеа по стотици илјади евра за скапи ручеци по лускузни ресторани.

ВМРО – ДПМНЕ е партијата која под водство на Никола Груевски втурна над 500.000 граѓани да живеат во сиромаштија додека тие ги полнеа своите џебови со украдените пари од граѓаните.

Заврши времето на антиреформската фамилија на Груевски која се коцкаше со парите и иднината на граѓаните.

Ќе има одговорност за сите злоупотреби на парите на граѓаните и оттаму е нервозата во ВМРО – ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски