СДСМ: Граѓаните уште еднаш му кажаа не на губитникот Мицкоски и ги поразија блокадите на неговото ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Граѓаните на сите избори изминатите четири години, локални, претседателски и парламентарни, како и на референдумот се изјаснија дека не сакаат политичари како Мицкоски, кои се без став за важни прашања, кои шират лажни вести, кои работат против интересите на својот народ и својата држава.

Најновата порака до Мицкоски, стигна од предвремените избори за градоначалник на Штип, граѓаните решително гласаа за концептот кој оди по европскиот пат и ја поразија деструктивноста на ВМРО ДПМНЕ“, велат СДСМ.

„ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, немаа храброст да се соочат со противкандидат, да се соочат со граѓаните на Штип и кукавички без да учествуваат на овие избори правеа опструкции со цел да наштетат на процесот, но не им успеа!

Граѓаните на Штип испратија јасна порака и до бојкотирачот Мицкоски, граѓаните го казнија неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, избраа грижа, одговорност и стабилност, а не блокади, бојкот, лаги, стравови и хистерии.

Народот избра демократија, развој, напредок со СДСМ, а Мицкоски останува сам на браникот на криминалот, очаен затоа што знае дека неговите лаги не му поминуваат ниту во сопствената партија.

Затоа Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе бидат во опозиција“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда