СДСМ: Граѓаните тонат во сиромаштија, а Курир добива милиони евра од Груевски и Мијалков

Од:

„Граѓаните тонат во сиромаштија, а Курир добива милиони евра од Груевски и Мијалков.

Креирајќи извртена реалност, главните уредници на провладините гласила, Груевски и Мијалков им украдоа 10 години живот на граѓаните на Р.Македонија, додека тие се возат во мерцедеси од 600 000 евра.

29 дена Курир крие од каде му се милионските приходи од 1.3 милиони евра.

Зад Курир очигледно стои Мијалков, и очигледно од таму му се милионските приходи.

10 000 фирми во Македонија се затворија заради арач политиките на власта во заминување, но затоа само бизнисите на фамилијата и Груевски вртат милионски приходи.

Ако зборува за приходот од 1.3 милиони евра Курир треба да ја открие поврзаноста со Мијалков, затоа со денови молчи и се крие.

1.3 milioni evra prihodi Kurir (1)

Фирмата сопственик на Курир, ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е поврзана со фирмата НВСП, којашто пак е основач на агенцијата за обезбедување СГС.

Зад агенцијата за обезбедување СГС стои братучедот на Груевски, Мијалков.

Сопственик на фирмата НВСП, основачот на СГС е Владислав Стајковиќ којшто е во блиска релација со кумашинот на Мијалков, Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-Мобиле Македонија.

Во Вистината за Македонија се покажа поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел.

Затоа Курир ги труе граѓаните со нарачани информации за некаква извртена реалност и ги штити криминалите и провизиите на своите наредбодаватели Груевски и Мијалков.

Брзо ќе се потврди што е Курир, како се финансира и од чии пари“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија