СДСМ: Граѓаните се уморни од избори, новата влада има мандат до 2024 година

Од:

Зад барањето за предвремени избори од стана на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се крие единствено нивната пуста желба да се дограбаат до власт по секоја цена велат од СДСМ.

-Граѓаните веќе гледаат што се случува со општините и со градот Скопје во кои победија кадри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Блокирани проекти, партизација на општините, се трошат по 6000 евра за чоколади и апетисани, едноставно се врати политиката „Немаме за леб трошиме за чоколадо“. Барањето за брзи избори го покажува стравот на Мицкоски дека веќе се гледа неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, но стравот од пресуди во судските процеси за тоа уште колку пари се украдени од партиската каса на ВМРО, како е направена белата палата во која се сместени Мицковски и „новите кадри на ВМРО“. Граѓаните се уморни од постојани избори и очекуваат од овој состав во Собранието да реализира што е можно повеќе од ветувањата што партиите ги даваа на изборите во 2020 година. Државата заслужува една влада и партиите што го чинат парламентраното мнозинство да истераат цел мандат и потоа аргументирано пред следните избори да се расправа дали успела таа влада да ја спроведе својата програма. Повеќе од 15 години немало влада која заокружила цел мандат и на тоа мора да му се стави крај, предвремени парламентарни избори нема да има, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски