СДСМ: Граѓаните одлучно се спротивставија на поразителните политики на Груевски

Од:

СДСМ испрати писмена реакција на денешниот говор на Никола Груевски за време на свечената академија на ВМРО-ДПМНЕ по повод 23 Октомври.

„Залудно се обидува Никола Груевски со лаги да го сокрие поразот што го доживеа на локалните избори.

Граѓаните одлучно се спротивставија на неговите поразителни политики за Македонија и ставија крај на криминалот, корупцијата, злоупотребите на институциите, на незаконското масовно прислушување, на навлегувањето во нивната приватност, на монтираните судски случаи, на заканата, на омразата…

Граѓаните, со тоа што го поразија Груевски, се изборија за Македонија и ја обезбедија нејзината сигурна иднина. Неговото криминално време заврши. Македонија сврте нова просперитетна страница и го трасираше патот кон европската иднина.

Новата Влада предводена од СДСМ носи живот за сите, повеќе пари кај граѓаните, функционални и професионални институции кои работата во интерес на сите граѓани. Македонија станува правна држава, законите важат за сите, нема веќе привилегирани граѓани, нема беззаконие, нема корупција“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски