СДСМ: Граѓаните одбраа европски пат, економија и правда, следува Влада која ќе испорача

Од:

„Со победата на СДСМ на овие избори граѓаните го одбраа патот по кој државата оди уште од 2016 година. Тоа е патот напред, европски, патот на економијата и правдата.

Народот кажа дека нема веќе назад, поразени се режимските политики на ВМРО-ДПМНЕ кои водат кон изолација, опасност и неизвесност“, велат од СДСМ.

„Решенијата на новите пратеници се издадени, следува формирање Влада која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните. Нашата Влада ќе води успешни преговори со ЕУ и за четири години ќе отвориме 80 проценти од поглавјата.

Одиме напред, враќање назад нема! Заедно со граѓаните ќе испорачаме уште повеќе и уште подобри резултати!“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана