СДСМ: Граѓаните нема да плаќаат радиодифузна такса

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Никола Груевски за радиодифузната такса.

„Граѓаните нема да плаќаат радиодифузна такса!

И тоа нема да биде единствената давачка со којашто новата Влада ќе им олесни на граѓаните. Ќе има намалувања и на други давачки со што ќе овозможиме на граѓаните да им остануваат повеќе пари во семејните буџети со коишто сега не можат ни да се прехранат.

Ќе има и нови и подобро платени реални работни места.

Тоа што Никола Груевски сам гласно се изјасни против укинувањето на радиодифузната такса е само потврда дека тој и фамилијата се само за полнење на сопствените џебови и затоа прават се против мнозинската волја да останат на власт.

Ќе има нова Влада што ќе се грижи за граѓаните и радиодифузината такса ќе биде укината. Ништо повеќе не зависи од Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он