СДСМ: Граѓаните не се чуствуваат безбедни, Тошковски мора да си оди

Од:

Ова што се случи во Прилеп е уште една страшна потврда дека безбедносната состојба во Македонија е целосно излезена од контрола, вели протпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

За конректниот случај ќе ги почекаме официјалните информации пред да коментираме бидејќи не сакаме да злоупотребуваме ништо. Но она што е факт е следно: Во Македонија една година луѓето се убиваат по улици, по маала, во свои домови. Тошковски повеќе не може да ја сокрие вистината. Едноставно џаве лаже дека „безбедноста е подобрена“, кога граѓаните се оставени сами на себе со чувство на страв и немоќ.
Сведоци сме на низа убиства, престрелки, ликвидации и закани кои ја погодија Македонија во изминатата година. Преку 25 убиства и обиди за убиства, оружје на секој чекор, нарко-кланови кои слободно оперираат, а полицијата наместо да ги спречи ги штити. Затоа, повторуваме: Панче Тошковски мора веднаш да си поднесе оставка. Не од морални причини, туку затоа што е неспособен да ја гарантира најосновната должност на државата, безбедноста на своите граѓани, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он