СДСМ: Граѓаните не го поддржаа митингот на ВМРО-ДПМНЕ, слаба посетеност и слаба организација

Од:

„Помпезно најавуваниот протест на ВМРО-ДПМНЕ издиша, граѓаните може да видат слаба посетеност и слаба организација. Наместо масовен протест како што најавуваше ВМРО-ДПМНЕ денеска пред владата дојдоа соработниците на Мицкоски и партиски вработените кадри во општините раководени од градоначлници на ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.

„Граѓаните во градовите во внатрешноста сведочат на откажани автобуси и комбиња за организиран превоз за што доказ се бројните видеа и фотографии објавени во медиумите и по социјалните мрежи.

Нереформираното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоси знае само да брани криминал и да носи штета на државата, затоа денеска како и многу пати претходно ја нема поддршката на граѓаните.

Граѓаните на Скопје, но и ширум државата, не го поддржаа Христијан Мицкоски и тоа е факт со којшто ќе мора да се соочи“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО