СДСМ: Граѓаните на Крушево имаат идеја – Збогум Никола

Од:

„Без идеи и без резултат зад себе, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ касно се сетија на граѓаните. Виртуелниот свет на Никола Груевски донесе нула инвестиции во Крушево.

Индустрската зона Сува Река, ветена од Груевски пред цели 7 години, се уште не е изградена.

Најавата за наводна руска инвестиција во фабрика за производство на доматно пире остана уште едно виртуелно ветување на Груевски.

Во 21 век се уште граѓаните на Крушево се соочуваат со проблемот во водоснабдувањето. Во летниот период има постојани рестрикции за вода.

Виртуелните инвестиции на Никола Груевски не носат ништо. Корупцијата однесе многу работи места и избрка многу потенцијални инвеститори. Тоа е најголема причина за масовното иселување на младите од Крушево.
Според последните податоци од Државниот завод за статистика од Крушево до 2014 се отселиле околу 3.500 жители, најголем број млади. Повеќе од 1/3 од вкупното населие на Крушево заминало од својот роден крај.

Никола Груевски и Никола Тодоров се последните коишто можат да зборуваат за повеќе работни места и подобри услови за живот во Крушево.

Податоците од релевантните истражувања покажуваат дека и во Крушево, како и во друг градови во Македонија има висока смртност на новороденчињата, над 18 мртви бебиња на 1.000 живородени.

Додека граѓаните осиромашуваа, додека се зголемуваше невработеноста, Никола Груевски во изминатите десет години мислеше само на провизиите, тендерите, парцелите на Водно, на мерцедесот од 600 илјади евра, на очилата од 60 илјади долари…
Доцна е Никола сега да бара идеи. Граѓаните бараат промени“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните