СДСМ: Граѓаните ќе добијат висококвалитетни лекови, наместо евтините на Груевски

Од:

СДСМ со Програмата се обврзува дека ќе ги зголеми буџетски средства за лекови што паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување, со набавка на висококвалитетни лекови и вакцини од реномирани производители.

Ќе обезбедиме ефикасни и безбедни лекови, со проверен квалитет.

За граѓаните мора да бидат достапни новите генерации лекови.

За секоја сериозна Влада којашто мисли на граѓаните, здравјето е приоритет.

Но актуелната Влада не е одговорна Влада.

Граѓанинот Груевски нема право по 10 години владеење да зборува за лекови за граѓаните.

Поради неговите политики поддржани од Никола Тодоров граѓаните со години примаат евтини лекови, а децата ни примаат вакцини избрани според најефтина цена, додека милиони евра одат во картонски барок за бизниси на фамилијата.

По промените граѓаните ќе добијат домаќинска Влада што ќе се грижи за нивните вистински потреби, меѓу кои и квалитетни лекови, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски