СДСМ: Граѓаните ја слават поканата за НАТО, ВМРО-ДПМНЕ маршираат во одбрана на криминалот

Од:

Од СДСМ велат дека нема враќање назад и дека граѓаните слават за поканата за членство во НАТО и датумот за преговори со ЕУ, додека ВМРО-ДПМНЕ маршира во одбрана на криминалот.

„Граѓаните ширум земјава го слават историскиот успех, Македонија доби покана за членство во НАТО, има датум за преговори со ЕУ.

Додека граѓаните го слават успехот на Македонија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе маршираат во одбрана на криминалот, со транспаренти за амнестија.

Последиците од 11 годинишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ најмногу се одразија врз граѓаните, ги осиромашија и задолжија, но и врз темелите на државата и нефункционирањето на институциите. Тоа граѓаните добро го знаат.

Сега Македонија оди напред, ниже победи и граби кон членство во НАТО и ЕУ. Доаѓа време на подобар живот за сите, време на безбедност, сигурност, стабилност, повеќе инвестиции и поголем раст на економијата.

Нема враќање назад во времето на ВМРО-ДПМНЕ, во црното минато на криминал, корупција, меѓународна изолација, осиромашување и уништување на државата.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека амнестија за криминал нема да има“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни