СДСМ: Граѓаните избраа заедништво, следен чекор е брз и мирен трансфер на власта

Од:

„Огромно мнозинство граѓани, околу 700.000, на предвремените парламентарни избори веќе избраа заедништво! Избраа промени, правда и живот!

Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора да го прифатат концептот на едно општество за сите, што ја зајакнува унитарноста на државата и носи квалитетен живот за сите граѓани, наместо фантомски поделби.

Граѓаните јасно се изјаснија дека сакаат интеграција, а не изолација на Македонија, како што сака раководство на ВМРО-ДПМНЕ за да продолжи со криминалите, личното богатење и да не одговара за последиците.

Невозможно е!

Демократските процеси се почнати и мнозинската волја на граѓаните преточена во 67 пратенички мандати мора што побрзо да се реализира со формирање нова реформска Влада и независни демократски институции.

Барањата за нови избори се обид да се оддолжи и продлабочи политичката криза. Ако сега не се почитува мнозинската волја на граѓаните, ни по нив нема да се почитува.

Јасна е определбата на граѓаните на Македонија. Граѓаните избраа промени и нова реформска Влада и Иванов и Груевски мора да дозволат брз и мирен трансфер на власта во Р.Македонија“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?