СДСМ: Граѓаните имаат право и заслужуваат да ги прослават постигнатите успеси

Од:

СДСМ со соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Колку и да не може да го прифати успехот на внатрешен и надворешен план на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека граѓаните имаат право и заслужуваат достоинствено да ги прослават постигнатите историски успеси.

Поканата за влез во НАТО е остварување на стратешките интереси, реализирање на целите поставени уште од денот на осамостојувањето.

Македонија има причина да слави бидејќи поканата освен што е остварување на децениски заложби истовремено со себе обезбедува поставување и исполнување на нови стандарди коишто ќе носат секојдневни придобивки и ќе ги подобруваат условите за живот на сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ конечно мора да се одважи и да престане да врши притисок врз музичарите кои на чесен и транспарентен начин учествуваат во прославата на еден од најголемите успеси.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржи македонската иднина и да се откаже од создавањето поделби и сеењето омраза кое е насочено кон граѓани и кон музичари.

Македонија оди напред и запирање нема, граѓаните велат ДА за членство во НАТО и ЕУ, велат ДА за македонската иднина“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски