СДСМ: Граѓаните имаат потреба од институции што ќе се грижат за нив!

Од:

Сервисите на државата мора да се целосно посветени на граѓаните. Граѓаните ги плаќаат институциите да се грижат за нивните потреби. Ги плаќаат преку целата година, за тие да можат да работат и во отежнати околности.  

Недозволиво е само неколку часа да паѓа снег и граѓаните во пола држава да се блокирани да функционираат.

Цели семејства со деца се смрзнуваат по непроодните патишта. Завеани се цели села и градови. Со часови беше блокиран главниот коридор во земјава, Велес – Скопје, каде и сега сообраќајот се одвива исклучително тешко. Да не говориме за необезбедените клисури и засеци, каде и во лето има голема опасност од одрони, а не пак при снег.

Препораката да не се излегува од дома не може да биде главна мерка за справување во снежни услови.

Еден од главните проблеми е што надлежните институции немаат соодветна механизација. Снегот се расчистува со 100 проценти стара механизација! Освен што се стари возлилата, јавните претпријатија располагаат со многу мал број возила. Поради тоа ангажираат други приватни фирми, но и тие, според информациите што ги имаме, имаат стари возила.

Едноставно, поради криминалните политики на досегашната власт за непотребни камени објекти и лажен барок, преку што се богатеа поединци, државата е оставена без капацитет да одговори на потребите на граѓаните.

Знаат најдобро поплавените граѓани што им се случи во летните поплави, од само неколкучасовен дожд, што однесе и човечки жртви, само затоа што немаат атмосферска канализација во 21-от век.

Граѓаните затоа избраа промени. Граѓаните имаат потреба од институции што ќе работат во нивна служба и коишто ќе ги штитат нивните интереси.

Институции во служба на граѓаните е една од 5-те главни точки во Планот за живот што го поддржаа граѓаните.
За тој да се реализира потребна нова одговрна Влада на граѓаните на Република Македонија.
И многу скоро, државата ќе биде впрегната да ги обезбеди потребите на луѓето во Македонија. 

Би можело да ве интересира

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски