СДСМ: Граѓаните и денеска дишат отров наместо воздух  

Од:

„Граѓаните на Македонија и денеска дишат отров наместо воздух. Мерните станици постојано покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија. Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Скопје изнесува речиси 10 пати над дозволеното.
 
Во Битола и Тетово ПМ10 честичките изнесуваат фрапантни 12 пати над дозволеното, додека во Кичево 5 пати над дозволената граница. Никола Груевски потроши 630 милиони евра за споменици во Скопје а граѓаните се гушат во нечист воздух. Политиките на Никола Груевски го уништуваат здравјето на граѓаните.

1
 
Последиците од загадениот воздух по здравјето на граѓаните се сериозно опасни. Додека се трошат милиони евра за споменици, реклами и LED телевизори луѓе во Македонија умираат поради висок процент на канцерогени честички во воздухот.

2
 
Македонија според Светска банка Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните со цврсти, канцерогени честички. Овие честички се најголемата причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во Македонија поради предизвикување на болести на дишните патишта и рак.

3
 
Несериозноста и лицемерието на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ ги надмина сите граници. Граѓаните не може да ги лаже никој. Тие со право се загрижени за своето здравје и заради тоа мора веднаш да се преземат конкретни мерки.

4
 
На 24 април доаѓа пролетно чистење на валканите политики на Никола Груевски. Граѓаните имаат идеја: збогум Никола“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му