СДСМ: Граѓаните го видоа концептот на Мицкоски, тендери и провизии, ако е искрен нека ја прекине блокадата во Собранието

Од:

„Таканаречените концепти на Христијан Мицкоски и ние и јавноста во град Скопје, тендери многу добро ги видовме, тоа се концепти за провизии и тендери и ништо друго. Затоа и впрочем парното во градот Скопје, Владата го презема и скопјани ќе имаат парно“, велат од СДСМ.

„Повторуваме дека доколку е искрен Мицкоски нека покаже во Собрание, нека ја прекине блокадата на законодавниот дом во време на криза.

Нека го поддржи законот за градење и уште 50 закони кои токму пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги имаат блокирано.

Дека Мицкоски нема искрена намера се гледа од фактот што иако на седниците на Економскиот совет секогаш се канат претставници на ВМРО-ДПМНЕ тие не доаѓаат.

Економските политики се креираат институционално, во Владата, на Економскиот совет, со учество на сите засегнати страни и таму е местото за носење на одлуките.

Белата палата не е место за решавање туку за создавање проблеми, оваа зграда е синоним за корупција и криминал, олицетворение на криминал од каде произлегуваат сите блокади на штета на државата.

Ова е време за работа, а не за покани за дуели и дебати, за заедништво и за креирање на политки за добробит на сите граѓани“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски