СДСМ: Градските власти заборавија на езерото „Треска“

Од:

Езерото Треска, за генерации и генерации скопјани е место од спомените. Тоа е традиционална излетничка локација на која повеќето жители на главниот град поминале убави денови во минатото. Голем број луѓе и денеска за време на викендите доаѓаат на езерото, на овој простор кој и натаму е неуреден, а езерото е загадено и опасно за околината.

Во последните години, градските власти повеќепати ветуваа дека ќе го ревитализираат езерото. Градоначалникот Трајановски се сликаше со неговиот колега од Сарај и тврдеше дека овој проект ќе има приоритет во неговата програма. Оттогаш, се покажа дека наводните заложби на Трајановски за езерото Треска биле само празни предизборни ветувања кои останаа неостварени. Слично поминаа и иницијативите да се даде езерото под концесија или да се подари на општина Сарај.

Дојде уште едно лето во кое граѓаните на Скопје и околните места природно ќе побараат спас од горештините на ова традиционално место за рекреација. Но, вакво какво што е, езерото претставува опасност од ширење зарази и потенцијална еколошка бомба која отчукува на чекор од главниот град.

Советничката група на СДСМ во градското Собрание ќе поднесе иницијатива за издвојување средства за итна ревитализација на езерото Треска и околниот простор. Сметаме дека ова езеро, кое постои скоро 35 години, со неговиот потенцијал и натаму може да има значајно место на туристичката мапа на главниот град. Парите потребни за овој проект се само мал дел од средствата што Градот веќе ги троши за жални врби, плажи на Вардар, споменици, фонтани и за редица други бесмислени проекти кои граѓаните не ги прифаќаат. Со целосната ревитализација на езерото, жителите на Скопје и околината повторно ќе добијат атрактивен и безбеден простор за рекреација.

Би можело да ве интересира

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството