(ВИДЕО) СДСМ: Градоначалникот кој прегази човек и побегна, поставен за директор на поштата во Куманово

Од:

Опозициската СДСМ  реагира на именувањето на Миодраг Јовановиќ, поранешен градоначалник на Старо Нагоричани, за директор на Македонска пошта во Куманово, обвинувајќи ја власта за двојни аршини.

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на прес-конференција обвини дека на Јовановиќ му се дозволува да избега од одговорноста за, како што тврди, „случајот во април минатата година кога со службен автомобил го прегазил 30-годишниот Срѓан Лазаревиќ и побегнал од местото на настанот“.

„Власта повторно демонстрира двојни аршини за сопствените граѓани: еден за членовите на владејачката гарнитура, друг за сите што не се со ВМРО-ДПМНЕ.

– Станува збор за лицето Миодраг Јовановиќ, поранешен градоначалник на Старо Нагоричане, кој на македонската јавност ѝ стана познат во април минатата година. Тогаш Јовановиќ со службен автомобил го прегази триесетгодишниот Срѓан Лазаревиќ и побегна од местото на настанот, при тоа неукажувајќи му помош на Лазаревиќ, кој неколку дена подоцна им подлегна на повредите.

– Со ова не само што му дозволуваат на Јовановиќ да избега од својата одговорност, туку истиот со новата функција – директор на пошта во Куманово, го наградуваат за неговата послушност и лојалност кон партијата“, изјави на денешната пресконференција, Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он