СДСМ: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ можат да понудат само деструкција и криминал

Од:

СДСМ испрати писмено соопштение, реакција на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Досегашното владеење на крадоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека тие работат на штета на граѓаните и исклучиво во интерес на Никола Груевски.

Со кандидирање на осудени и осомничени лица и личности што работеле во личен и во интерес на партијата, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш докажа дека не работи за доброто на граѓаните, туку единствено за криминално богатење на Груевски и раководството.

Кандидирањето на актуелниот крадоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, осуден бидејќи работел на штета на општината, покажува дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се извлече од стегите на Груевски и неговите криминални соработници.

Пресудата за Ристески, пресудата за изборен поткуп против градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, како и подигнатото обвинение против Владимир Талевски, градоначаникот на Битола кој се товари за криминал тежок 360 000 евра народни пари, се само мал доказ за незаконското работење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.

Освен деструкција, криминал и корупција, ВМРО-ДПМНЕ веќе не може ништо да им понуди на граѓаните.

На претстојните избори на кои СДСМ е асполутен фаворит, граѓаните ќе изберат нова локална власт којашто ќе работи чесно, домаќински и во интерес на граѓаните.

Новата локална власт предводена од СДСМ ќе биде услужна, подеднакво посветена и отворена за сите граѓани“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни