СДСМ: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ една година ништо не работат

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е безидејна партија, а нејзините градоначалници се разочарување за граѓаните. Повеќе од една година ВМРО-ДПМНЕ е власт во над 40 општини, повеќе од една година тие општини тонат во безидејност и бесперспективност, нема нови проекти, има само партизација на општините, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека по една година од мандатот градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ допрва ќе собирале идеи за проекти од граѓаните. Тоа значи дека ништо од своите програми не реализирале, дека ги игнорираат ветувањата дадени пред изборите и дека ги залажуваат граѓаните.

– Наместо да се затвораат во скапи хотели, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ конечно нека почнат да работат за интересите на граѓаните. Една година локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е една година стагнација на општините – се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски